Специјализираното училиште за германски јазик „ГЕТЕ” е основано во 1995 година. Од самиот почеток нашата заложба е да создадеме современа образовна средина за изучување на германскиот јазик.
Кај нас се учи германскиот јазик во мали групи (максимално од 5 до 10 слушатели). Нашите курсеви ги водат квалифицирани и искусни предавачи, користејќи модерни и комуникативни методи на подучување. „ГЕТЕ„ Ве подготвува и за меѓународно признати диломи за странски јазици. Кај нас сте подобро подготвени, бидејќи во мали групи наставникот има повеќе време да посвети внимание на личните потреби на секој поединец.
Учењето на германскиот јазик кај нас е фантастично и незаборавно искуство за целиот живот.
Курсот по германски јазик во „Гете” има многу предности:
- Се наоѓаме во центарот на Скопје
- Бројот на слушатели – максимално 5-10 лица
- Образованието и искуството на нашите факултетски образовани наставници
- Нашата метода на предавање: комуникативна,модерна и разновидна
- Курсеви, од почетни до напредни
- Интензивна и поединечна настава
- Пријателска атмосфера
- Подготовка за меѓународни јазични сертификати
- И многу фирми, кои имаат доверба во нас
Со задоволство ќе одвоиме време низ личен разговор да го утврдиме Вашето ниво во соодветна група. Вашиот наставник интензивно ќе Ви се посвети на Вас и Вашите потреби. Така ќе имате најдобри предуслови за брзо и добро учење на германскиот јазик. Секогаш Ви стоиме на располагање и ќе Ви одговориме на сите прашања поврзани со учењето на германскиот јазик. Сето ова ни обезбедува доверба на многу слушатели, кои со задоволство го учат германскиот јазик во „Гете”.
Зошто треба да се одлучите за нас?
... не е поради тоа што сакаме стотици ученици во нашето училиште ...
... ГЕТЕ е индивидуално јазично училиште кое нуди квалитет на своите ученици ...
Адреса: Народен фронт 31, 1000 Скопје
Моб: ++389 75 433 413
Контакт лице: Маја Груневска
E-mail: contact@gete.mk